По невремето кое го зафати Охрид во текот на попладневните часови, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците, информира општина Охрид.

Апелираме до сите граѓани да не информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира. Граѓаните можат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиотброј 195. -соопшти локалната самоуправа.

Инаку, повеќе градови во земјава попладнево беа зафатени со невреме, а најмногу дожд до 16:00 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар
квадратен.

Невремето кое започна нешто по 14:30 часот беше проследено со пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер.

OhridNews