Од општинскиот Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици ги информираат граѓаните, особено учесниците во сообраќајот, дека на ден 16.04.2019 година (вторник) во временски период од 07.00 до 17.00 часот, поради привршување на градежните активности кои се во тек, кружната крстосница Болница и дел од приодните улици ќе бидат целосно затворени за сообраќај и тоа:

  • Улицата Питу Гули од крстосницата ул. Питу Гули  со ул. Марко Нестороски  до кружна крстосница Болница;
  • Ул. Јане Сандански од крстосница помеѓу ил. Јане Сандански и ул. Карпош Војвода  до кружна крстосница;
  • Ул. Даме Груев од крстосница помеѓу ул. Даме Груев со  ул. Карпош Војовда до кружна крстосница;
  • Ул. Марко Цепенков од крстосница помеѓу ул.Марко Цепенков и ул. Вангел Николоски до кружна крстосница и
  • Ул. Сирма Војвода од крстосница помеѓу ул Сирма Војвода со ул. 8 – ми Септември до кружна крстосница.

Се молат сите учесници во сообраќајот да ја избегнуваат погоренаведената улична мрежа со цел навремено завршување на градежните активности на кружната крстосница.

OhridNews