Во завршна фаза е реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга. Во увид на активностите на терен денес беа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев.
Со поддршка од Министерството за култура и туризам, преку НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, се вложени 9.114.000 денари за реконструкција на фасадата и кровот, со цел зачувување на неговата автентичност, информираат од Министерството.
Посочуваат дека реконструкцијата е во завршна фаза и ќе придонесе за уште поубава слика на Струга – таму каде што Црн Дрим го напушта Охридското Езеро.
Го чуваме наследството и создаваме вредности што траат, додаваат од Министерството.
OhridNews












