Во завршна фаза преговорите со „Синохидро“ за нов рок за автопатот Кичево-Охрид
12.06.21 11:07
Во завршна фаза се преговорите со изведувачот „Синохидро“, каде е дефинирано до 31 декември 2023 година да се продолжи рокот за комплетирање на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, вели во интервју за МИА директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.
Рокот, појаснува, се пролонгира поради изработка на дополнителна проектна документација (испроектирана во рок од септември 2019-септември 2020) која беше неопходна за завршување на проектот. Врз основа на изработената проектна документација за автопат Кичево–Охрид, наведува Рустеми, се направи анализа за крајниот рок на завршување на работите која се темели на три аспекти и тоа: зголемен обем на работите, реализација на преостанати финансиски средства и решавање на дополнителната експропријација произлезена од дополнителната проектна документација.
Вкупниот прогрес на градежните работи по основниот договор изнесува 90 проценти, а 62 проценти според основниот договор и анекс договорот. Изградбата на автопатот во должина од 57 километри почна во 2014, а по проблемите кои настанаа на трасата првичниот рок за завршување предвиден за 2018 година, со анекс на договорот беше пролонгиран за крајот на месецов.
ГРК Охрид забележа голема победа во дербито од 6 коло на ракометната Суперлига, совладувајќи го Алкалоид вечерва во „Билјанини Извори“ со 26:24 (15:11) Со новите два бода охриѓани се искачија на че...
ГФК Охрид Лихнидос и Брера Струмица одиграа 2:2 попладнево на „Билјанини Извори“, во натпреварот од 7 коло во Втората македонска фудбалска лига Охрид практично целиот натпревар го одигра со фудбале...
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.