Православните христијани на 19-ти јануари го одбележуваат големиот верски празник Богојавление – Водици.

Традицијата е исклучително силна во Охрид. Во поранешниот систем, охриѓани скришум в зори го фрлалаа светиот крст во Езерото. Од 1990 година Водици се празнуваат масовно и свечено на градското пристаниште во Охрид, каде стотици млади скокаат по светиот крст. Тајфата на „фаќачот“ ја пее песната „Во Јордание“, заедно со многуилјадниот народ.

Чесниот крст ќе биде положен во осветените води на Охридското Езеро на големиот црковноо-народен собир, што ќе се одржи на градското пристаниште во 10 часот.

Г.М.