-Ваков период на суша немало долго време. Тоа ни направи големи штети, настанаа пореметувања кај подземните води, поради што е потребно да се направат нови испитувања на теренот. Во моментов користиме вода од изворите и бунарите, а дополнително вода се носи и преку пумпната станица во Метропол, изјави Златко Старкоски, директор на „Проаква“.

Билјанини извори без вода
Билјанините извори, препознатливиот белег на градот подолг период се пресушени, а водата од оваа изворска жица од сеуште неразјаснети причини наместо во мрестилиштето на Хидробиолошкиот завод понира и истекува во каналот Студенчишта. Надлежните во наредниот период ќе испитуваат зошто се случува тоа.
Водата од изворите бега во каналот
Директорот на „Проаква“ смета дека градот во иднина ќе треба сериозно да размислува за порационално искористување на водните потенцијали со кои располага поблиската и подалечна околина, како што се на пример изворите во с. Свињишта кои имаат добра издашност, а дополнително водата би стигнувала со слободен пад без употреба на пумпи што осетно ќе ги намали трошоците за експлоатација.












