ЈП „Водовод“ Охрид соопшти дека анализите на Центарот за јавно здравје покажале дека водата во водоводот во Велгошти хемиски е исправна и може да се користи за пиење.

Поради дефект кој беше саниран на 18 јануари, дојде до заматување на водата во Велгошти и околината, поради што на локалното население му беше препорачано истата да не се користи за пиење. Водата сега е исправна и повторно може да употребува за пиење.

OhridNews