Водата за пиење во Охрид е со добар квалитет, информираат од Центарот за јавно здравје од каде потенцираат дека деновиве се прават почести анализи, поради честите потреси на тлото.

Од центарот информираат дека земени се и примероци од водата за пиење во селата кои се наоѓаат во подрчајето во кое е регистриран епицентарот на најголемиот број земјотреси. Се очекуваат резултатите и доколку има било какви отстапувања, жителите ќе бидат навреме информирани.

OhridNews