Во организација на Здружението на туристички водичи и придружници Кеј-Охрид, во вторник со почеток во 11 часот, ќе се одржи работен состанок по повод 21-ви февруари Меѓународниот ден на туристичките водичи. На состанокот ќе се дискутира за законот за туристичка дејност со посебен осврт на туристичките водичи како посебна категорија во туризмот.

Учесниците ќе расправаат и за регулирањето на професијата и дејност туристички водич, како и за нелојалната конкуренција. На состанокот ќе учествуваат претставници од Факултетот за туризам и угостителство, Управата за јавни приходи – даночно одделение – Охрид, подрачното одделение на Државниот пазарен инспекторат и локалниот инспекторат.

Работниот состанок ќе се одржи во амфитеатарот на Факултет за туризам и угостителство.

OhridNews