Продолжува опаѓањето на нивото на Охридско Езеро. Според неделната анализа на Управата за хидрометеоролошки работи водостојот три дена по ред е на кота од 693.15 м.н.в. што е за 5 сантиметри над дозволениот природен минимум утврден на 693,10 м.н.в.

Останатите четири дена од анализираната недела водостојот е на нулта кота односно 693.17 м.н.в.

Водостојот е и за 16 сантиметри под просекот за месец октомври кој изнесува 693,31 м.н.в.

OhridNews

извор. УХМР