Котата на езерото измерена утринава е 693.42 (м.н.в), односно седум сантиметри над просекот за јануари кој изнесува 693.35 (м.н.в), покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Неделната анализа покажува благ пораст од првиот ден кога нивото било на кота од 693.39 м.н.в до денешното.
Температурата на водата денес е 6 степени што е во рамки на просекот на јануари.
OhridNews













