За еден сантиметар е зголемено нивото на Охридското Езеро, споредбено со вчерашните мерења покажуваат резултатите направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со ова водостојот на Охридското Езеро го достигна просекот за април односно изнесува 693.59 м.н.в.
Нивото на Преспанското Езеро е за 1,7 метри пониско од просечното, но е на 18 сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Нивоата, пак, на реките во земјава најчесто се малку под просекот или во рамки на просекот за април иако има и реки како што се Лепенец, на мерното место кај Скопје и Бабуна кај Богомила каде водостојот е повисок од просечниот. Особено повисок од просечниот е водостојот на реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани каде нивото е повисоко за 59 сантиметри од просечното за април.
OhridNews












