Водостојот на Охридското Езеро бележи пораст според неделните информации на УХМР и се ближи до просекот за декември.
Денешните мерења покажуваат дека нивото на езерото е 693,31 м.н.в, што е 1 сантиметар пониско од просекот за декември (693,32 м.н.в) и 21 сантиметар над природниот минимум (693,10 м.н.в). Во текот на вчерашниот ден нивото на езерото изнесуваше 693,28 м.н.в на 11 декември било 693,27 м.н.в, а на 10 декември 693,25 м.н.в. На 7, 8 и 9 декември водостојот е на исто ниво и изнесувал 693,24 м.н.в, велат од УХМР во неделните мерења.

Врнежите од дожд и снег кои паѓаат изминатите десетина дена, а особено во последните 48 часа, ги зголемија и водостоите на водотеците и суводолиците во земјава. Најголеми покачувања на водостоите има во источните и јужните делови од државата, а излевања на реките се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека високи водостои има и кај Пчиња, Треска, Црна и Боротинска река, а појава на заезерување има во Пелагонија и Струшкиот регион.
Во моментов бележиме намалување на водостоите од горните сливни подрачја, и сеуште високи водостои во долните сливни подрачја и тоа кај реките Пчиња, Брегалница, Струмица, Црна и Боротинска Река, велат од УХМР.
Оттаму препорачуваат внимателно движење покрај реките и суводолиците поради појава на свлечишта.
OhridNews












