Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Тоа е осум сантиметри над просекот за јуни утврден на 693,65 метри надморска височина или 63 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Неделната анализа покажува благо зголемување на нивото од измерените 693,71 м.н.в. првиот ден до денешните 693,73 м.н.в.

Температура на водата денес е 22 степени што е над просек за јуни (19,6).

OhridNews