Од МЈП Проаква Водовод Охрид со официјално соопштение во врска со вчера спроведената акција и пролонгираниот термин за нормализирање на водоснабдувањето во градот.

– Нашите екипи вчера спроведоа голема акција за измивање на цевководот и резервоарите, а се изврши и санација на поголеми дефекти и сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголемите индустриски објекти. Иако беше најавено дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до синоќа до 19 часот, комплетната санација заврши околу полноќ. Причина за доцнењето беше дефект кој настана на главниот доводен цевковод од 700 мм од Пумпната станица „Метропол“, велат од претпријатието.

Во рамките на акцијата се изврши комплетно чистење на резервоари, цевководи, се изврши промена на шиберите кои не функционираа. Во рамките на санацијата се отстрани и дефект на доводниот цевковод, од каде се врши главниот дотур за летната сезона.

OhridNews