Во заедничка акција на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и нивни врсници-извидници од Париз, Франција утрово беше исчистена пешачката патека и просторот околу диското Парк, каде охриѓани и туристите секојдневно минуваат , а кои подолго време наликуваат на мини депонија.

 

Во акцијата беа собрани преку 20 вреки со најразличен отпад. Акцијата ја помогна и  ЈП Охридски Комуналец, кој обезбеди  вреки и го подигна собраниот отпад.

OhridNews