Екипата на неформалното еколошко движење Чист Охрид изминатиот викенд ја посети локацијата во Рамне, посочена од страна на OhridNews како локација со огромна количина на отпад.

-Нашите волонтери затекнаа голем број пластични шишиња, делови од WC школки, искршени пластични столици, стаклени тегли, градежен шут, најлонски кеси, како и еден двосед, но најлошиот дел се состоеше од голем број употребени шприцови и игли, од кои еден дел беа надвор од пакувањето и исклучително небезбедни за собирање, како и голем број употребени презервативи. Главната причина за ова, освен недостигот на свест кај граѓаните, секако е и зафрленоста на локацијата, која очигледно се користи како депонија.
Нашите волонтери собраа неколку вреќи ѓубре, но би сакале да истакнеме дека се работи за огромна количина отпад, што може да се види и од видео материјалите, така што најавуваме дека нашата неформална организација ќе оперира на оваа локација подолг период со цел отпадот да биде отстранет. Медицинскиот отпад што го собравме беше соодветно складиран во контејнер за медицински отпад. – информираат од „Чист Охрид“.
Од „Чист Охрид“ апелираат до надлежните да ги ангажираат сите достапни капацитети за отпадот на оваа локација да биде целосно отстранет.
Волонтери започнаа со расчистување на дивата депонија кај Рамне
OhridNews
















