23 годишна волонтерка на „Peace Corps“ од САД, Shannon Feehan, веќе една година живее во Пештани. Нејзината мисија е насочена кон прибирање финансиски средства, за обнова на три основни училишта крај брегот на езерото.
Се работи за проект наменет за образовните установи во селата Пештани, Елшани и Трпејца, изградени пред повеќе децении. Примарната цел е да се обноват оштетените ѕидови, таванот и кровната конструкција, со што на 321 ученик од прво до деветто одделение ќе им се овозможат затоплени простории и нормални услови за работа.
Исто така, таа волонтира во локалното училиште, работејќи со професорите по англиски јазик како би се издигнал квалитетот на наставната програма. Дел од нејзините активности во склоп на оваа организација, се насочени во продажба на календар со мотиви од нашето поднебје во САД, со чии средства ќе се финансира горенаведениот проект.
Во нејзиниот видео запис, таа ни доловува дел од „нормалните“ услови за работа и секојдневните предизвици со кој се соочуваат учениците, истовремено повикувајќи ги сите хумани луѓе да го поддржат овој проект.
Инаку, волонтерите на „Peace Corps“ се застапени низ целиот свет, помаѓајќи им на различните категории луѓе, меѓу кои и социјално загрозените. Донациите за училиштата крај Охридското Езеро можат да се извршат на следниот линк.
O.T.











