Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите три дена, спроведоа вонредни контроли во Охридско – струшкиот регион и во Дојран, при што опфатени биле 89 оператори со храна и уништени се над 200 килограми небезбедна храна.
Спроведени се контроли во хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркети и други објекти, каде има зголемена фреквенција на туристи, а зајакнати контроли се спроведуваат и во малопродажните објекти во сите населени места.
За утврдените неусогласености (најдена храна со поминат рок, лоши хигиено-технички услови, нерегистрирани оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство и др.), издадени се 15 наредби за отстранување на утврдените недоследности, изречени се две забрани за вршење на дејност, 22 мерки едукација на операторите, а изречени се и и 14 парични кзни. Како небезбедни, од страна на инспекциксите служби на Агенцијата, уништени се 203 килограми храна, информираат од АХВ.

Изречени се четири мерки за отстранување на утврдените неусогласености, 4 мерки едукација и 2 парични казни. Како небезбедни, во Дојран уништени се само 5,6 килограми храна, се вели во соопштението од АХВ.
Од АХВ, апелираат до граѓаните храна да купуваат од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, а како потрошувачи да внимаваат и на означувањето на производите и каде и како истите се чуваат. Истовремено, ги охрабруваат граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната да ја пријават на бесплатната телефонска линија за потрошувачите на Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 3 22 22, но и лично, или на електронската пошта [email protected].
Со засилените контроли, чија цел е спречување на евентуални труења и инфекции од храна, кои лесно можат да се случат како последица на високите температури, од АХВ најавуваат дека во наредниот период опфатени ќе бидат и останатите туристички центри во земјава, вклучително и планинските.
OhridNews










