Чешкиот преставник во Лигата на Европа, Спарта Прага со голот на Лафата во 17-та минута ја анулираа предноста на Челси остварена на првиот натпревар.
Навивачите на “сините“ трепераа до 90-та минута го белгискиот репрезентативец ја погоди противничката мрежа и го визираше пласманот во најдобрите осум.
Ставрев на мечот во Лондон имаше мала незгода, но клупскиот доктор на Челси, Ева Карнеиро му пружи прва помош и го продолжи дуелот.
Најдобриот македонски судија додели шест жолти картони, пет за гостинските фудбалери, а еден за домаќините.