Моторните возила под итно да се отстранат и да не се оставаат на коловозите заради непрчено чистење на снегот од страна на надлежните служби, повикува Одделението за сообра’ај при локалната самоупрва. Во спротивно, возилата ќе бидат присилно отстранувани, а трошоците ке ги сносат сопствениците кои не постапиле според ова укажување. Евентуалните оштетувања на неотстранетите возила од страна на механизацијата ќе бидат исто така на штета на сопствениците на возилата.

Истовремено, од надлежните служби на општината потсетуваат на законската обврска на граѓаните да го чистат снегот пред домовите, зградите и деловните објекти. Во спротивно, комуналниот инспекторат со засилените контроли ќе изрекува казни за непочитување на законот кои се движат во просек околу 300 евра, предупредуваат од општина Охрид.

Ohridnews