Возило марка „Фиат“ утрово во 6.20 часот излетало од коловоз на магистралниот пат Охрид – Кичево помеѓу селата Климештани Ботун, во близина на црквата Св. Петка. Како што информираат од СВР Охрид, патниците со друго возило биле пренесени во општата болница во Струга.

Полицијата извршила увид и работи на утврдување на причините за незгодата, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 03 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на подвозникот на излезот од градот. 

Агрон С. (19) од кичевското село Поповјани на лице место им подлегна на повредите додека Ј.Д. (24) од Кичево се здобил со повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога Ј.Д. управувајќи патничко моторно возило Застава“ со кичевски регистарски таблици, движејки се по магистралниот пат изгубил контрола над возилото и излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда од мост на десната страна од коловозната лента. Од силината на ударот, патничкото моторно возило се превртело на кровот и застанало на коловоз.

По извршено алкотестирање кај Ј.Д. кој го управувал возилото „Застава“, утврдени се 1,01 промили алкохол во крвта, соопшти СВР Охрид.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.

OhridNews