Сообраќајна несреќа се случи вечерва на регионачниот пат Св. Стефан – Охрид, во близина на населбата Рача.
Според првичните информации, патничко возило Голф изгубило контрола, удрило во заштитната ограда и застанало среде коловоз.
Во незгодата повредено е едно лице кое со возило на брза помош е пренесено во болница, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На местото на незгодата извршен е увид а извесен период сообраќајот на овој патен правец се одвиваше отежнато со регулација од страна на сообраќајната полиција.
OhridNews
















