На автопатот Охрид-Кичево во изградба, вчера во 11.30 часот, кај селото Климештани патничко возило „Шкода Јети“, сопственост на градежна фирма, управувано од 37-годишно лице од Елбасан, Република Албанија, излетало од коловозот.

Возачот и сопатникот (41), исто така од Р. Албанија, биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани телесни повреди.

OhridNews