Вчера околу 12.30 часот, на регионалниот пат Охрид -Битола кај месноста „Буково“, настанал пожар во патничко возило во движење, „Jагуар“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од 27-годишно лице од прилепското село Волкодери.
Во инцидентот нема повредени лица, а Територијалната противпожарна единица од Охрид го изгаснала пожарот, информира СВР Охрид.
OhridNews












