Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав вчера  во Стокхолм на овогодинешните лауерати им ги врачи Нобеловите награди за медицина, физика, хемија, економија и литература.
Седуммината лауреати добија диплома, медал и чек во вредност од 10 милиони шведски круни (1,4 милиони американски долари).

Добитници на Нобеловата награда за медицина се американските физиолози Ендрју Фајлер и Крејг Мело за откивањето на фундаменталниот механизам за контрола на преносот на генетски информации.

Со Нобелова награди за физика се закитија Американците Џон Мејџор и Џорџ Смут за истражувањата за потеклото на галаксиите и ѕвездите, а добитник на признанието за хемија е американскиот хемичар Роџер Корнберг за откривање на начинот на кој клетките ги копираат генетските информации.

Нобеловата награда за литература ја доби турскиот писател Орхан Памук, а за економија Американецот Едмонд Фелпс.
Претходно  во Осло, на бангладешкиот економист Мухамад Јунус, познат како „банкар на сиромашните“ му беше доделена Нобеловата награда за мир за 2006 година.