Вредна донација за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од почесниот Конзулат на Србија во Охрид
21.12.23 14:39
Почесниот Конзулат на Република Србија со седиште во Охрид и општествено одговорниот сограѓанин Михајло Филев донираа вредна донација на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид.
Обезбедени се 15 интерактивни или сензорни табли и дидактички материјали за децата со посебни потреби и говорни нарушувања кои ја посетуваат нашата градинка, информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
14 интерактивни табли ќе бидат поставени во холовите на градинката и во објектите во просторни услови, за пристап да имаат сите дечињата, а најголеми придобивки имаат децата со посебни потреби. Интерактивните, сензорните табли во најразлична форма служат за најразлични активности и тоа за развивање на фината моторика, визуелната и тактилната перцепција, координација око-рака, развивање на когнитивните способности кај децата. За дефектолошко-логопедскиот кабинет е обезбедена исто така сензорна табла и додатни дидактички материјали кои играат голема улога во развојот на децата, потенцираат.
Додаваат дека сезнорната табла, моторичката коцка, торбичките со активности, ротирачкиот мултифункционален проектор, пинцетите во боја, геометриските форми со врвки се од голема значајност за децата со посебни потреби и говорни нарушувања, упатувајќи благодарност за несебичната поддршка и соработка.
Воедно од градинката упатуваат благодарност и до Општина Охрид, градоначникот Кирил Пацаков и Секторот за образование кои ја поддржаа оваа донација покрај многуте инвестиции, проекти за детската градинка.
Света Ефимија беше родум од Халкидон Родителите и беа христијани, а татко и покрај тоа беше сенатор Во времето кога Ефимија веќе беше пораснала во прекрасна девојка и по дух и по тело, антипатот Пр...
Променливо облачно со сончеви периоди Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец Во Охрид времето денес променливо облачно со...
Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за 4,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторнате комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.