Кумот на Водици 2013, Стојан Ѓоргоски, донира 50.000 денари за реновирање на детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид. Овој проект беше актуелизиран неодамна на доделувањето на признанијата за филантропија во охридско-струшкиот регион, од страна на Локалната агенција за развој од Струга и невладината Сороптимист. Донираните средства ќе помогнат да биде извршена неопходната санација на градинката.

Оваа донација е уште една во низата на актуелниот кум на Водици кој годинава поддржа и реализира повеќе хуманитарни проекти во Охрид.

OhridNews