Здравствен дом „ д- р Светозар Чочороски“ во Вевчани денес прими донација- медицинска опрема во вредност од 150.000 американски долари. Донацијата е од Снежана Ставреска која живее и работи во САД, а по потекло е од Вевчани.

Медицинската опрема денес беше доставена до Здравствениот дом во Вевчани, каде благодарност за донацијата искажаат директорот Боро Пешиноски и градоначалникот Цветомир Угриноски.

OhridNews