Вредни експонати од музеите во Македонија, меѓу кои и од Охрид ќе бидат претставени на изложбата „Ненадмината убавина – икони од Македонија“ што во вторник ќе биде отворена во музејот „Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија.

На изложбата, која претставува најголемо презентирање на богатото македонско културно наследство надвор од Македонија, како по своите вредности така и по својот обем, ќе бидат претставени  62 археолошки предмети, шест примероци од оригинални фрагменти од средновековен живопис, 52 икони и 39 литургиски предмети.

Меѓу експонатите ќе бидат и исклучителните наоди од локалитетот Плаошник, вредните икони од охридската Галерија на икони како и Златната маска пронајдена кај Горна порта.

Дел од културно – историското наследство на Македонија за прв пат ќе биде изложено надвор од нашата земја.

OhridNews