
-Иницијативата за отворање на оваа галерија датира уште од 1991 година кога беа пронајдени овие икони. Но поради недосток на простор и финансиски средства, идејата за отворање на оваа галерија не можеше да се реализира. Благодарение на Министерството за Култура и Грандот од Светската банка, Струга ја доби долгоочекуваната галерија на икони.-рече на отварањето Сашо Цветкоски, директор на народниот музеј д-р Никола Незлобински од Струга.

Покрај иконите кои се пронајдени во 1991 година меѓу нив можеше да се види и најстарата икона во Црквата „Свети Ѓорѓи“. Тоа е иконата на нејзиниот патрон Свети Ѓорѓија, која датира од 1267 година. Оваа икона е откриена 1961 година, а набргу потоа за неа интерс пројавиле голем број историчари на уметноста .Оваа икона е влезена во сите значајни прегледи на визнатискиот иконопис од втортата половина на 18 век и во каталозите на најубавите дела на средновековниот иконопис од Македонија.

– Со галеријата на овие вредни икони сместена во храмот кој претставува духовна и културна ризница, дава универзален придонес кон збогатувањето на непроценливото културно наследство кое го поседува Македонија . Поставката која денес ја презентираме пред јавноста е вистински репрезент на силниот дух и моќта на македонската уметничка и културна традиција“, рече во своето обраќање министерката Елизабета Канчевска – Милеска.

Глеријата на икони покрај изложбениот дел, ќе располага со таканаречено конзервативно депо, во кое ќе се собираат сите позначајни иконописни дела од Струшкиот регион. Ова иницијатива покрај тоа што ќе придонесе иконите да се заштитат од кражби, истите ќе може да станат дел од Поставката на икони, која со текот на времето ќе се обновува со до сега непрезентирани дела.










