Вечерва на прекрасната тераса на хотелот „Филип“ во Охрид, светски познатиот музичар Владимир Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт „Вино и Џез“ во Хотел Филип.

Ова е 4 година по ред како се одржува овој музички настан каде што публиката ќе може да ужива во авторската музика на Четкар и во извонредните македонски вина.

Вратите се отвараат во 20 часот а концертот ќе започне во 21:00 часот.

Влезниците за концертот чинат 300 денари.

OhridNews