Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Охрид времето денес умерено до значително облачно,. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 5 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд, велат од УХМР.
OhridNews












