Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, а на места нестабилно со пообилен пороен дожд, локално и над 20 литри на квадратен метар и со појава на ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Охрид времето денес ќе биде претежно облачно и со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе достигне до 14 степен, додека дневната до 22 степени.

Во наредните денови до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а дневните температури значително ќе опаднат. В петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.