Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Охрид сончево со променлива облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Утре во западните делови ќе дува засилен западен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето, велат од УХМР.

OhridNews