Според најновите информации од АМСМ од 9 часот, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Гостивар, Маврово, Дебар, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Пресека и Струга. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

Забрани за тешки товарни возила има патниот правец Маврово-Дебар, како и на планинските премини Стража и Пресека.

OhridNews