Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. На повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата наместа се забележуваат остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Ѓавато, Пресека и во Крушево.

Се потсетуваат возачите дека законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата трае до 15 Март 2016 година.

OhridNews