Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

И во вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5-13 степени.

Променливо време со повремени врнежи од дожд ќе имаме и во наредните денови. Минималната температура на места ќе се спушти еден степен под нулата, а максимапната ќе достигне до 21 степен.

OhridNews