Нема подобро освежување на летните горештини од добар сладолед.

На минување, помеѓу обврски, за пауза, од задоволство, Бистро Корнер, во центарот на Охрид, подготви супер летно изненадување за охриѓани и посетителите, со префинет избор на врвен италијански сладолед, со извонредни вкусови.

Во Бистро Корнер на аголот од влезот на охридската чаршија, за ова лето подготвија и нови дектокс смути со внимателно одбрани и балансирани плодови, за ревитализација на организмот.

Вкусен сладолед или освежително смути може да се земе од специјално креираниот надворешен шанк или да се проба со одлично изладениот простор во Бистро Корнер.

OhridNews
Фото: А. Момироска