Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, кандидатот за градоначалник Константин Георгиески, претседателот на Општинската организација на СДСМ – Охрид Науме Јованоски и членови, денеска остварија средби со граѓани на повеќе локации во градот.
Продолжуваме заедно напред. Цврсто се определивме да ги остваруваме нашите амбициозни и стратешки цели, Охрид да биде град од кој граѓаните нема да сакаат да заминуваат, туку град во кој секогаш ќе се враќаат и во кој ќе ја градат сопствената и иднината на своите семејства. Во континуитет креираме проекти за квалитетна инфраструктура, обезбедуваме подобро урбано планирање, заштита на животната средина, модерно образование, уредени плажи, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за сите. На 31-ви октомври да покажеме дека можеме да донесеме вистинска одлука и да продолжиме на вистинскиот пат! Да го заокружиме бројот 12 и да донесеме уште една голема победа за Охрид! – порача кандидатот за градоначалник Георгиески.

Исходот од овие избори го одредуваат правецот по кој ќе се движи Општина Охрид и нејзините граѓани. Дали тоа ќе биде редот, правдата, правичноста и вложувањето во граѓаните и економскиот развој или неправдата, уништувањето на градот и езерото и трошењето на парите во криминални тендери. – истакна Заев.
Врвот на СДСМ на централно и локално ниво на средби со охриѓани
Г.М.

















