Нови 24 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 4.133 тестирања, а регистрирани се нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје 6, во Тетово 5, во Куманово 3, во Прилеп и Кичево по 2, во Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар по еден.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, оздравени се шест пациенти (Скопје 4, Тетово и Струмица по еден(, а нема пријавено починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310, од кои 6 во Охрид.

OhridNews