Денес е вториот, августовски рок, за запишување на ученици во средните училишта, каде по двете пријавувања во јуни останаа слободни места.

Како што информираат од ОСУ “Свети Климент Охридски”, слободни места има уште вкупно 117, од кои за гимназиските паралелки 67, Економско- правната и трговска струка 43 и 7 слободни места во Медицинските паралелки.

Во ОУТУ “Ванчо Питошески”, денес учениците ќе може да аплицираат за струката Готвачи, Слаткар, Пекар и Хотелско- туристички техничар, во кои сеуште има словодни места за запишување.

Според информациите кои ги добивме од ОЕМУЦ “Свети Наум Охридски”,  слободни места има за Машинската струка 98, Електро- техничката струка 121 и за албанската паралелка од Сообраќајната струка, 34, за која во двете пријавувања во јунскиот уписен рок не се пријавил ниту еден ученик.

OhridNews