Фудбалерите на Охрид денес во рамки на 28-то коло од Втората фудбалска лига ја пречекуваат екипата на ФК Големо Коњари. Натпреварот се игра на стадионот Билјанини Извори со почеток во 16:00 часот.

Охрид на табелата е четврт со 59 бода, а пред него се екипите на Скопје и Шкендија Арачиново со 62 бода, додека лидер на табелата е Брегалница со 64 бода.

OhridNews