Охридскиот фудбалски состав во 19-та рунда од Втората македонска фудбалска на домашен терен го пречекуваат есенскиот првак Гостивар.


Бодовите од овој натпревар, како и сите преостанатите до крајот на сезоната се неопходни за охридските бели. Капитенот на екипата, Јован Китрозоски верува во чудо иако Гостивар е најсериозен кандидат за влез во Првата лига.



– За квалитетите на Гостивар знаеме, тие се први на табелата имаат доста квалитетни фудбалери, а пред почетокот на сезоната ангажираа и нов тренер. Нас сите бодови до крајот на сезоната ни се неопходни и сите во тимот веруваме во изненадување –
посочи Китрозоски.

Дуелот со есенскиот првак и лидерот на табелата, Гостивар е закажан за в сабота со почеток од 15 часот.

Мх.П.