Победата на Реал Мадрид нема да промени на табелата ништо, но сепак ќе остане дека во годината во која доминираше Барселона во “Ла лига“ во двомечот не успеа да го совлада Реал Мадрид.
Тренерот на “кралевите“ Жозе Мурињо повеќе мислеше на дуелот со Јунајтед во осминафиналето до Лигата на Шампиони и на мегдан со Барселона го испрати “вториот“ тим на Реал Мадрид, кој се покажа пресилен за Барселона.
Победничкиот погодок за “лос бланкос“ го постигна Серхио Рамос во 82-та минута. Претходно во првиот дел Бензема погоди за водство, а Меси со 39-от погодок сезонава ја анулираше прендоста на “кралевите“.
Резултати : Реал Мадрид – Барселона 2-1, Депортиво – Рајо Валјекано, Осасуна – Атлетик Билбао, Валенсија – Леванте