Напаѓачот на милански Интер и на италијанската фудбалска репрезентација
Антонио Касано на својот новороден син му дал име Лионел, во чест на
Меси, кој според него, е најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Сопругата се противеше, но на крајот успеав да ја убедам“, рече Касано. Сопругата на Касано малиот Лионел го роди во понеделникот. Тоа им е второ дете, првиот син го нарекоа Кристофер.

Ohridnews