Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на С. Македонија, соопшти агенцијата Бета.
Како што наведува порталот Б 92 повикувајќи се на неговите информации, Вучиќ побарал граѓаните од Северна Македонија да примат вакцини по сопствен избор.

Во средата, Вучиќ соопшти дека граѓаните на Босна и Херцеговина можат бесплатно да се вакцинираат на територијата на Србија и изјави дека Србија има доволно вакцини, повикувајќи ги граѓаните од регионот да се вакцинираат во Србија.
OhridNews











