Голф играчот Тајгер Вудс се опоравува од оперативните зафати, кои му беа направени на десната нога, која настрада во сообраќајната несреќа. Автомобилот од Вудс од засега непознати причини се превртл и завршил покрај патот. Според очевидците, сликата била застрашувачка, а Вудс имал среќа што поминал со повреди само на нозете.

Вудс се здобил со тешки повреди на долниот дел од десната нога. Повредите се санирани со неколку оперативни зафати. Вметната му е шина, која ќе помогне во рехабилитацијата, – стои во докторскиот извештај од болницата каде бил примен голф играчот.

Деталната истрага и исказот на Вудс, треба да ги откријат точните причини за превртувањето и излетувањето од патот.

OhridNews

 

Тајгер Вудс потешко повреден во сообраќајна несреќа