Согласно Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат за 1,5 денари, додека екстралесното масло поскапува за два денари.

Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 78 денари, новата цена на литар еуросупер БС-98 изнесува 80 денари, додека дизелот ќе може да се купи за 70 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,00 ден/лит.

Комисијата одлучи да се зголеми и цената на мазутот за 1,289 ден/кг, со што новата цена на М-1 НС изнесува 41,092 денари за еден килограм.

OhridNews

Поради технички проблеми OhridNews недостапен за читателите повеќе часови