Со помош на Топ Маркети и ЛК Лихнидос, за Богојавленските празници се обезбедени осум тони негазирана вода. Поголемиот дел е наменет за болните кои лежат во Ковид центарот при Општата болница, а одредена количина ќе биде дистрибуирана и во Заводот за кардио-васкуларни заболувања.

Богојавление е бездруго најголемиот празник на Охриѓани и на овој начин, со донирање на вода онаму каде што е најнеопходна, сакаме да добие и хуманитарна димензија. Водата е симбол на верата, но и на здравјето. Имено, во долгата традиција од над 2.000 години скокање по крстот, никој од учесниците не се разболел, без оглед на екстремно ниските температури. – изјавија од Топ Маркети и клубот Лихнидос.

Топ Маркети и ЛК Лихнидос обезбедија 8 тони вода зa охридските болници

Во оваа хуманитарна акција се вклучија и неколку од досегашните фаќачи на светиот крст, со чии средства се обезбедија 1.000 заштитни маски.

OhridNews